Балкан
21. July 2017 - 9:59

Страотна сцена во маркет: На рафтот со бонбони пронашле змија!

Додека пожарите беснеат во Црна Гора и регионот, шумскиот свет бара прибежиште дури и таму каде што не му место. Тоа се случи и со овој влекач.

Така и оваа змија по некој необичен сплет на околности се нашла во маркет во Бијело Поље, и тоа на рафт со бонбони, и тоа токму до гумените бонбони кои за маскота имаат токму змија.