Македонија
11. July 2019 - 18:56

Страотна несреќа во Дебрца, загина едно лице, друго тешко повредено

„Едно лице загина и едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи предмалку кај Климештани, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил кои директно се судриле“, изјавил заСкопје 1 портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Поради несреќата сообраќајот одреден период бил целосно блокиран во двата правци, поради што се создала голема колона на автомобили.

Во моментов се врши увид.

Ново на Сител