Џет-Сет
29. September 2017 - 9:30

Страотна несреќа во Амстердам: Агуеро повреден во тешка сообраќајка, со такси удри во столб

Фудбалерот на Манчестер Сити Серхио Агуеро доживеа сообраќајна несреќа во Холандија.

Како што пренесуваат британските медиуми, несреќата се случила додека фудбалерот патувал со такси до аеродромот, а во Амстердам се нашол поради концерт.

Таксистот ја изгубил контролата, и со возило удрил во столб. Агуеро имал врзан појас, ама скришил ребро.

Повредата ќе го одвои од теренот околу два месеци.