Балкан
6. February 2018 - 11:53

Страотна несреќа на најопасната магистрала на Балканот: Еден загинат, тројца се борат за живот

На Ибарската магистрала во близина на Краљево, кај селата Баре и Лозно, утрово околу 9 часот дојде до страотен директен судар на два патнички автомобилио во кои имало 4 лица. Во меѓувреме едно од лицата почина од здобиените тешки повреди, друго лице е критично, а уште двајца се тешко повредени.

Тешката сообраќајна несреча се случила во близина на селата Баре и Лозно, на патот Краљево - Рашка, кога едно од возилата од засег непознати причини преминало во спротивната лента и директно се судрило со друго возило. Возилата толку биле смачкани што пожарникари морале да ги извлекуваат повредените во нив.

Имено, се судриле мерцедес со новопазарски регистрации, во кое биле три лица, и форд со нишки таблички, кои се движеле во спротивни ленти. Сите повредени се префрлени во Општата болница во Краљево.

Двата автомобили биле смачкани и пожарникарите повредените морале да ги извлекуваат од нив. Итната помош и полицијата дошла на самото место, а сообраќајот на таа делница од патот е запрен. Увидот е во тек, а колоните се километарски.