Балкан
18. јуни 2017 - 20:36

Страотна несреќа го потресе регионот: Загина 13-годишно дете, мајката се бори за живот

13-годишно дете од Србија загина, а  шестмина патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа, коај се случи денеска во близина на Благоевград на југозападот од Бугарија.

Натешко е повредената мајката на загинатото дете, и таа е префрлена во болницата „Пирогов“ во Софија, додека останатите се задржани во болницата во Благоевград.

Повредено е и шестгодишно дете, брат на настраданиот.

Несреќата се случила попладнево на магистаралниот пат од Софија кон грчката граница, кога директно се судриле патнички автомобил од Србија и возило од Софија.

Во автомобилот од Србија била брачна двојка со две деца, а во другиот тројца патници кои се враќале од одмор во Грција.