Страотна несреќа, џип влета во река, девојче загина на самото место, две други деца се спасија
Денеска околу 16.30 часот на патот Бродарево - Слатина во местото Ријека, дошло до слетување на џип во река, при што животот го загубило малолетно девојче.
Несреќата се случила на местото познато како „Крговиќа кривина“ во моментот кога патот бил покриен со лед и снег.
Со возилото управувал стрикото на настраданото девојче, а во возилото биле уште две негови деца.
Според неофицијалните информации од самото место девојчето при превртувањето испаднало од возилото,а подоцна е пронајдено под автомобилот. Двете деца кои биле во возилото за среќа поминале само со полесни повреди.
И покрај напорите на екипа на брза помош, тешко повреденото дете починало по доаѓањето во болницата во Ужице.
Луѓето од Слатина вечерва беа збунети за случајот и за тоа зошто возачот си заминал од самото место.
Наводно, се зборува дека возачот на побегнал од местото на несреќата тука своите деца кои биле водени и заледени ги префрлил до првата куќа со друго возило, а потоа се вратил кај џипот. И натаму нема објаснување кој и во кој момент му пружил прва помош на девојчето кое било под автомобилот.
На возачот ме е земена крв и ќе биде тестиран за присуство на алкохол во крвата.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс