Балкан
5. April 2016 - 9:11

Страотна исповест на стрината на Јелена: Имаше лошо претчуство дека таа ќе умре следна

Гордана Крсмановиќ, стрина на пејачката на „Гранд“ Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, чие тело е пронајдено во неделата во каналот кај насипот во населбата Црвенка во Борча, вели дека нејзината ќеркичка Јана постојано плаче и повторува: „Сите имаат мајка, само јас повеќе немам“.

-Со неа во неделата разговараше и психолог, но јас ништо незнам за тој разговор. Ја прашавме Јана за што разговарале тој ден, но таа само молчи, вели Гордана.

Според нејзините зборови, за Јана се грижена Јелена, нејзината мајка Зорица и воспитувачките. Сега девојчето е во градинка и не сака да се врати во татковата куќа, туку сака да оди кај мајката на Јелена.

Foto: Milena Đorđević

Нејзиното семејство како да е проколнато. Родителите на Јелена млади се преселиле од Рашка во Борча. Пред 8 години и починал таткото кој тогаш се грижел за неа, но на таа несреќа и немаше крај.

-Минатата година стрикото и почина од карцинос, а годинава и кај мајки и е откриен рак, поради што Јелена до пред 2 месеци одеше на Институтот за онкологија, каде Зорица лежела. Беше борец, обожуваше да пее, а ќерката и болната мајка ги издржуваше со пеење, вели стрината низ солзи.

Foto: TV Prva

Како што вели, таа не може да знае што се случило кобнуот ден, но нема да оди во куќата на родителите на Зоран додека не се открие убиецот.

-Додека не ги видиме резултатите од истрагата на полицијата, нема да влеземе во таа куќа, вели Гоца за српски „Курир“.

Веќе некое време Јелена имаше чувство дека нешто лошо ќе и се случи.

-Кога мојот сопруг, нејзиниот стрико почина пред година дена, ме праша: „Што се случува со нас?“, а потоа додаде: „Јас сум следна“. Не претпоставуваше дека е потполно во право. Сите се плашевме да не не напушти нејзината мајка, која беше болна болна од карционом, неутешна е Гордана.

Мајакта на Јелена, Зорица не може да дојде при себе откако слушна за страшната вест и постојано плаче, а како што вели, и покрај тоа што Зоран се уште е во полиција, таа не се сомнева во него.

Foto: Facebook/Branislav Dzoni Marjanović‎

-Не знам во што да верувам, се е чудно. Вечерта кога исчезна, ја барав три часа, не претпоставував дека детето ми е во каналот полн со вода. раскажува мајката, а Гордана се надоврзува на нејзината приказна и вели дека Јелена немала проблем со бракот и дека била среќна.

-Доаѓаа кај нас и делуваа вљубено. Јеца никогаш не се жалеше на Зоран, а можеби некои работи не сакаше да ми каже. Последно гостување имаше во реалното шоу „Парови“ и бевме многу горди на неа кога ја видовме на телевизија. Беше добра и вредна домаќинка, никогаш ништо не и било тешко.