Балкан
21. December 2015 - 11:58

Страотна глетка: Преживеаниот раскажа како загинале неговите пријатели

Момчето кое успеа да се спаси од автомобилот на смртта рекол дека зад воланот бил Вјекослав Божановиќ, на совозачкото место била неговата девојка Антонија, додека позади седеле тој, Домагој и Тена. Вјекослав во еден момент се наведнал да побара нешто, веројатно ЦД, и тогаш автомобилот скршнал од патот, се одбил и слетал во Неретва, раскажува преживеаното момче.

Според неговите зборови, додека биле заробени во возилото, во реката се обидел да излезе низ багажникот но не успеал. Потоа видел дека е скршено едно стакло, го пробил и успеал да се извлече од автомобилот, да доплива до брегот и да се спаси.

Телото на Вјекослав Божановиќ од Винковци кој управувал со „шкодата фабиа“, вчера попладне е извлечено од Неретва. Нуркачите го пронашле 15 метри од автомобилот кој влета во реката и во кој загинаа тројца негови колеги -Тена Врачевиќ, Домагој Росо и Антонија Шариќ, девојката на Вјекослав, кои од Мостар патувале кон дома, за да бидат со семејствата за престојните празници.

Четворицата загинати биле студенти на филозофија, агронимија, физичка култура и медицина, на Универзитетот во Мостар.