Балкан
21. March 2017 - 15:14

Страотна глетка кај езерото: Исплива телото на фудбалерот Бојан што исчезна пред месец дена

Телото на непознат маж е пронајдено вчера во езерото Граши. Засега има само сомнение дека е тоа исчезнатиот фубалер Бојан Ломиќ од Љиг.

Телото во близина на мостот го пронашол рибар кој веднаш за тоа ја известил полицијата.

-Телото е испратено на обдукција по што ќе се утврди идентитетот на давеникот.

Дејан Ломиќ, брат на исчезнатиот Бојан вчера изјави дека бил повикан во полиција по пронаоѓањето на телото во езерото.

-Јакната и патиките би можеле да припаѓаат на мојот брат. Бидејќи долго стоело во вода не можев да го идентификувам, но полицијата денеска ќе земе ДНК од нашите родители за да провери дали станува збор за Бојан, вели Ломиќ.

Да се потсетиме, Ломиќ исчезна на почетокот на февруари кога тргна на тренинг во новиот фудбалски клуб.

Неговиот автомобил е пронајден по неколку дена, а во него се најдени шише пијалок и проштално писмо.