Свет
25. May 2018 - 8:45

Страотна експлозија во Канада: Двајца мажи внесоа експлозив во индиски ресторан, крв и стакло на сите страни

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија во ресторан во градот Мисисога во канадската провинција Онтарио.

 

 

Според првичните информации станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, а локалната полицијата трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа. 

 

 

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во еден индиски ресторан во Мисисога, град кој се наоѓа западно од Торонто. 

Според полицијата, тројца од повредените се во критична состојба.