Балкан
1. March 2019 - 13:40

Страотна експлозија близу Атина, еден повреден: Автомобил одлета во воздух на паркинг во познатото летувалиште

Автомобил кој стоел на отворен паркинг во Глифада одлетал во воздух во експлозија во тоа летувалиште во близина на грчката престолнина Атина, при што е повредено едно лице, а запалени се четири автомобили.

АНА пренесува дека повредениот маж со возило на Итна помош е префрлен во болница, а противпожарната служба ги затворила сите приоди до авенијата Вуљагмени, по што огнот е ставен под контрола.

Грчкиот весник Катимерини наведува дека сведоци изјавиле во полиција дека слушнале „повеќекратни“ експлозии на таа локација.