Свет
20. April 2018 - 20:36

Страотна авионска несреќа: Се урна летало полно со студенти, загинаа двајца

Две лица загинаа при пад на мал авион во Вилијамсбург во Пенсилванија, соопштија официјалните лица од Федералната воздухопловна администрација.

Авионот летал за Индијана на собир на студенти на универзитетот Нотр Дам.

Националната служба за безбедност во сообраќајот покрена истрага за несреќата на леталото, а други детали засега не се познати.