Балкан
6. January 2017 - 10:14

Страотен пожар: Изгоре познат хотел, гостите евакуирани

Во хотелот „Језеро“ на Бохињското езеро изби пожар, а противпожарните служби евакуираа околу 100 гости од хотелот и персоналот, пренесуваат словенечките медуми.

Поради вчерашниот пожар интервенциските служби го затворија патот од Рибичев Лаз, а на самото место излегла и полицијата, спасувачките служби и пожарникарите.

Како што се наведува, горел горниот кат од хотелот и покривот поради што објектот ќе биде затворен, а на житеите кои живеат во околните куќи им е наложено, поради чадот и пожарот да не ги отвораат прозорците.

Foto: Tanjug/STA/TINKARA ZUPAN

Медиумите пренесуваат дека гасењето пожар е исклучително напорно, и пожарникарите носеле и гас маски, па се менувале и екупите и во акцијата биле вклучени и хеликоптери.

Гостите од хотелот се префрлени во блиските хотели, а иако според сите податоци никој не е повреден, медцинските екипи се на готовс.

Foto: Tanjug/STA/TINKARA ZUPAN

 

Хотелот има 71 соба, а меѓу гостите имало граѓани на Хрватска, Србија, Русија, Германија, Австрија и Словенија.

Пожарот најпрво го забележале гостите од хотелот и за тоа ја известиле рецепцијата.

Причините за пожарот се уште се непознати.