Македонија
12. May 2019 - 16:29

Странските туристи најчесто се задржуваат на еднодневна екскурзија во Битола

Странските туристи кои доаѓаат во Битола најчесто се на минување и не се задржуваат повеќе од еден ден, велат од туристичките агенции.

-Поголемиот дел странски туристи во Битола не се задржуваат на ноќевање. За ноќевањето го избираат најчесто Охрид. За жал, во моментот мал е бројот на тие туристички групи, интерес има, но се уште треба да се поработи на некои услови, како од наша страна така и од надлежните институции, на подобрување на условите во градот, да привлечеме повеќе туристи. Повеќе промотивен материјал, повеќе кампањи за самиот град, Инфо центар, некои работи што ни недостигаат. Можеби наш пропуст е, на агенциите, можеби и на институциите, едноставно многу е тешко во моментот Битола да ги задржи туристите на подолго време, изјави МАЈА МИНЧЕВСКА, ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК.

Турските групи кои се најбројни во Битола поминуваат околу 2-3 часа.

-Со локалните водичи посветуваат околу 1-2 часа на историјата, знаменитстие на градот, музејот, потоа околу 1-2 часа слободно време и продолжуваат понатаму. Едноставно немаме доволно што да им понудиме на тиристите во градот, недоволно информации пред се. Се случува многупати во текот на летото да дојдат индивидуални туристи од Англија, Холандија, кои на своја рака истражувале за Битола на интернет, да дојдат во агенција, да побараат информации, нудиме некои индивидуални тури, но генерално цените се повисоки за тие тури, вели Минчевска.

Минчевска вели дека она што странските туристи го бараат секогаш да им е достапно се карти на градот, проспект со сите сместувачки капацитети, мапа со атракции во близина, поврзаност на Битола со другите градови.