Македонија
28. April 2019 - 16:53

Странските туристи ги наполнија црквите во Охрид за Велигден

Древниот Охрид точно на полноќ со биење на камбаните величенствено го дочека Христовото Воскресение. Илјадници верници ги посетија црквите и манастирите во Балканскиот Ерусалим , а централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, каде со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Верниците со свеќа во едната рака и црвени јајца во другата си го честитаа празникот со желби за радост , мир и благосотојба.

Оваа година вистински украс во дворот на црквата Свети Климент и Пантелејмон“на Плаошник е големо црвено јајце со велигденска порака на 12 јазици .

Велигден во Охрид го дочекаа и голем број гости од земјава и  соседството  . Продолжениот празничен викенд го донесе првиот поголем бран на туристи , кои речиси целосно ги исполнија сместувачките капацитети во градот, што е добра најава за претстојната туристичка сезона.