Македонија
22. April 2019 - 16:41

Странските медиуми - мртва трка и слаба излезност

Ниската излезност и изедначениот резулат на двајцата кандидати Пенадаросвки и Сиљановска е во фокусот на известувањата за престеседателските избори во грчките медиуми. Изборниот ден се опишува како драматичен, без вистински победник, а акцент се става врз апстиненцијата на албанското гласачко тело.

Катимерини во анализата пишува

- Неизлезноста се движеше како и на референдумот во септември за Договорот од Преспа, многу мала, со оглед на тоа дека во изборниот процес учествуваа 42% од изборното тело, процент што е историски низок за претседателски избори.

Зa бугарските медиуми овие избори се доказ дека во Македонија може да се организираат демократски и слободни избори. Сепак и тие се фокусираат на слабата излезност. Причина за тоа  гледаат во разочараноста и уморот на гласачите, иселувањето,  лошата економска состојба во земјата но и поради преспанскиот договор. Во анализите се посочува дека  мртвата трка мегу Сиљановска –Пендаровски се должи на тивкиот бојкот на партијата на Али Ахмети , а изборите се оценуваат како лебедова песна за албанскиот национализам.

Асошиејтед Прес исто така изборите ги поврзува со преспанскиот догвот. Според агенцијата тие се клучен тест за владата да  ја потврди спогодбата за промена името. Се наведува дека  голем проблем за земјата е иселувањето, со забелешка дека најмалку 400 000  луге, од кои најмногу млади,  ја напуштиле земјата поселднава деценија.

Франс прес пренесува дека малиот одзив може да го загрози и вториот изборен круг, што може да доведе и до полиитчка криза.

Гардијан ја пренесува оценката на набљудувачите  дека изборите поминале во мирна атмосфера. Според  британскиот печат клучна точка земјата е потоната во еконмска криза, со невработеност  од над 20 проценти  и  висок степен на корупцијa.