Бизнис
3. December 2018 - 19:50

Странските компании чекаат иницијатива од домашните за соработка

Странските компании ги охрабруваат домашните фирми да тропнат на нивните врати и да им го понудат она што го имаат.

Од советот за странски инвеститори  им препорачуваат да ги зголемат маркетинг активнстите. Иако компаниите од зоните се заинтересирани за соработка со нив, локалните бизниси сеуште не се доволно подготвени да одговорат на барањата на  инвеститорите во земјава.  

Интререс за соработка со македонските фирми има и од страна на оние  странски компании кои не се присутни на пазарот во земјава. Италијаснки бизнсимени сакаат да учествуваат на тендерите во Македонија за изгардба на патишта пруги депонии но велат дека сеуште не добиле повратен одговрот од македонска страна дали се подготвени за соработка.

Во рамки на советот на странски инвеститрори формирана е асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство каде за претседател е поставен  сегашниот директор на  компанијата Костал.