Бизнис
5. јуни 2019 - 16:33

Странските инвеститори очекуваат повеќе реформи од власта

Странските инвеститори не сакаат да дадат оцена за работата на Владата на половина мандат. Од Советот на странски инвеститори велат дека државата е позитивно настроена кон инвеститорите и веќе има одредени активности, но очекуваат посветеноста на економијата да се зголеми во наредниот период, согласно ветувањата за економска година.

Бројките што ги објави Народната банка покажуваат дека вкупните странски директни инвестиции во земјава во првиот квартал годинава се речиси најмали во последните 10 години. Помалку се инвестирало единствено во 2010-та година.

Штефан дека статистиката е само бројки и може да се манипулира со нив.. добрите економски движења во Европа се основа за истото и во земјава

Според инвеститорите, за побрз економски раст потребен е поголем фокус од страна на сите чинители на економијата, како Владата, така и домашните и странските инвеститори.

 

ВКУПНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ПЕРИОД ЈАНУАРИ-МАРТ

 

ГОДИНА

ИЗНОС ВО МИЛИОНИ ЕВРА

2019

29,68

2018

235,15

2017

97,40

2016

137,48

2015

85,36

2014

94,52

2013

83,26

2012

82,41

2011

197,94

2010

9,85

 

ИЗВОР: НАРОДНА БАНКА