Бизнис
2. May 2016 - 19:36

Странските инвестиции во февруари зголемени за 20 милиони евра во однос на истиот месец лани

За 31 милиони евра зголемени странските дирекни инвестиции во февруари  во однос на јануари годинава. Според последните податоци на НБРМ салдото на странските дирекни инвестиции во првите два месеци од годинава изнесуваат 34,2 милиони евра.

Во февруари во земјава влегле 32,6 милиони евра СДИ, за разлика до јануари кога овој износ беше само 1,6 милиони евра.  Споредено и  со февруари лани, оваа година во истиот период нивото на вложувањата од  странство во змејава се поголеми за 20 милиони евра, односно СДИ тогаш изнесувале 12,5 милиони евра.

И покрај позитивните податоци од Народната банка, од бизнис заедницата и економистите досега неколку пати предупредија дека ако не се најде излез од политичката криза таа серизоно може да се одрази и врз странските инвеститори. Дел пак од домашните стопанствениците веќе серизоно почнаа да ги чувстуваат последиците.

Досега државата воведе низа поволности за влез на странските компании во земјава. Се отворија индустриски зони во речиси сите градови.  Странските фабрики отворија нови работни места, помогнаа за подигнување на животниот стандард на граѓаните и подобрување на локалниот економски развој  на повеќе општини. Тие учествиваат со најголем процент во вкупниот извоз.

Лани на странските пазари од зоните пласирани  се  производи во вредност од 1,6 милијарди евра, а годинава се очекува бројката да надмине две милијарди евра.