Бизнис
19. October 2015 - 19:39

Странските инвестиции со повеќекратен бенефит за економијата

Странските компании значитно го зголемија бројот на нови вработувања.  Само инвеститорите кои се дел од 100  те најуспешни  фирми во земјава отвориле 7.500 работни места. Но бројката е многу поголема со оглед на тоа што останатите вработувања се реазлирани во  помалите странски компании и во производствените погони кои инвеститорите ги имаат отворено надвор од зоните.

- Вработувањата лани, во споредба со 2013 година, се зголемени за 223 отсто, а годинава во однос на лани се очекува дополнително зголемување од 33 отсто.  20 компании заедно со странските инвеститри вработуваат 40 отсто од вработеното население. Во најдобрите 100 фирми, 46 отсто имаат доминантна странска сопственост и создаваат профит од четири милијарди евра, рече Штефан Петер- претседател на советот за странски инвестиции.

Странските компании во земјава  ги зголемија активностите на домашната индустрија. 500 тини македонските фирми станаа дел од нивните производствени процеси, а инвеститорите придонесоа и за зголемување на извозот од земјава. Само од зоните пласманот на производи на странските пазари  лани во споредба со 2013 е зголемен за 52 отсто, а проценките се дека на среден род извозот  ќе надмине 2 милијарди евра.

Тонско-  Работните  услови во зоните се одлични,  безбедноста е на високо ниво. Производите кои се извезуваат се произведени со висока технологија. Но најважно е што платите се исплаќаат редовно секој месец,  рече  Штефан Петер-претседател на советот за странски инвеститори

Во првата половина од 2015 во Македонија се инвестирани околу 120 милиони евра. Со градба почна германската ОДВ електрик,  Кондево од Италија , погон гради и КСС во Кичево, а Маркар во Велес веќе почна сопроизводство . Лани  износот на странски инвестиции  надминал 330 милиони  евра.