Бизнис
1. September 2016 - 19:58

Странските директни инвестиции во првото полугодие достигнаа речиси 123 милиони евра, објави Народната Банка

Директните странски инвестции во првата половина од годината достигнале близу 123 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека од јануари до јули се инвестирал капитал што претставува 78% од сиот износ во претходната година.

Месец со највисоки директни инвестиции бил февруари кога во земјата биле вложени 34,5 милиони евра.

Меѓу компаниите кои реализираат свои инвестиции во Македонија годинава има нови и такви кои го прошируваат производството. Некои од инвсетиторите се Технохозе, Икс Трејд , Ки Сејфти Системс, Акомпласт, Ван Хул, Џонсон Контролс, Кеслер, Амфенол.

Анкета на советот на странски инвеститори покажа дека 84% од компаниите кои вложиле во Македонија би го сториле тоа повторно.

Директните инвестиции придоносеуваат за значителен број нови вработувања. Извештајот на институтот на ИБМ, ја рангираше Македонија на прво место по нови работни места по глава на жител.  Лани се креирале над 6.000 работни места од нови инвестициски проекти.