Странските директни инвестиции бележат раст од шест проценти
Странските директни инвестиции во првите осум месеци од годинава бележат раст од шест проценти. Статистиската покажува дека станските директни инвестиции од јануари до август годинава изнесуваат 153,4 милиони евра и се за 8,7 милиони евра повеќе во однос на тој период лани.
Само во август странските директни инвестиции изнесуваат 27,4 милиони евра и бележат раст од 11,3 насто, односно се за 2,8 милиони евра повеќе во однос на август лани.
Според најавите, до крајот на годината се очекуваат нови странски дирекни инвестиции. Месецов се очекува две американски компании од автомобилскиот сектор да ги објават инвестициите што ќе ги реализираат во земјава.
- Една од тие компании ќе биде лоцирана во зоната Скопје 1- Бунарџик, тоа ќе биде компанијата која ќе вработи околу 500 луѓе. Втората компанија ќе биде во внатрешноста во Македонија, на една нова локација на која не сме имале досега компанија од ваков вид, вработувајќи околу 1.500 луѓе. Станува збор за две големи компании, реномирани, едни од најголемите компании во САД за производство на компоненти за автомобилската индустрија, вели директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Тој најави дека во наредните три-четири месеци неколку компании официјално ќе ги соопштат своите инвестиции во Македонија.
Извозот од технолошко индустриските развојни зони во првите десет месеци од годинава изнесува 1,2 милијарди евра, а се очекува тој до крајот на годината да достигне 1,4 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка