Бизнис
7. јуни 2018 - 19:51

Странските бизнис анѓели можност за дополнителна финансиска помош за фирмите

Адаптација на законската регулатива со цел да се олесни можноста за влез на странски бизнис ангели на македонскиот пазар. Ова е една од клучните активности на што заеднички ќе работат бизнис заедницата, професорите од соодветната област, Владата и НБРМ. Со оглед на тоа што бизнис ангелите се поединци претприемачи кои вложуваат во високоризични бизниси во нивната почетна или рана фаза, потребата од нив е сериозна, велат од ССК. Особено што кај нас има недостиг од соодветна финансиска поддршка од банкарскиот сектор. Велат дека интерес на ваков тип инвестирање има, но правната неизвесност ги одвраќа овие инвеститори од вложување.

Истакнуваат дека Македонија има недостиг од комерцијални форми за поддршка на компаниите, особено малите и средни претпријатија, како и стартап бизнисите. Досега, во нашата земја се реализирани неколку инвестиции на бизнис ангели во стартап компании.

Само во 2017 година, бизнис ангелите во САД инвестирале околу 26 милијарди долари, а во Европа 6,8 милијарди евра.