Бизнис
27. July 2021 - 21:15

Странски туристи речиси нема - Македонија ја живее најлошата туристичка сезона

Ова е уште една година која хотелиерите ќе сакаат да ја заборават. И 2021 макеоднските хотели ќе ја завршат со загуба затоа што сезоната не може да се спаси со вкупно 45 работни дена годишно. Во моментов хотелските капацитети во Oхридско -струшкиот регион се полни, но сликата е многу поразлична од претходно.

И годинава фалат странски гости. Ако до 2019 неделно во овој регион имало по 10 чаретри, сега има два и тоа од пред еден месец, а не од мај до октомври како претходно. Лани имаше повеќе домашни гости заради ваучерите за туризам кои ги делеше Владата, годинава го нема ни тоа во толкав обем.

Хотелиерите се надеваат дека лошата сезона ќе се подобри кон есен со семинари. Но, затоа тоа да се случи земјава треба да остане во зелената зона, и нов бран на корона вирусот да нема. Очекуваат нова помош од Владата затоа што сеедно што нижат загуби, вработените мораат да ги задржат.