Бизнис
5. February 2016 - 19:59

Странски компании советуваат 20 домашни компании

Домашните компании учат од странските екперти. Во тек е вториот циклус од владиниот проект за ангажирање страски експерти кои ќе им помогат на домашните фирми во работењето.

Се работи за над 20 компании кои ангажираат над 1100 работници  во осум града. Дел од овие компании веќе користеа помош, а заклучно со март со проектот ќе бидат опфатени сите дваесетина фирми.

Компаниите се од различни дејности, а над половина од нив се од прозводствениот сектор. Најголем дел од компаниите се во Скопје, следат Струмица и Струга.

Во првиот циклус од овој проект опфатени беа стотина компании, а 85% од нив истакнале дека по посетата на странскиот експерт ги подобриле деловните прформанси и отвориле нови работни места.

Со овој проект Владата овозможува, преку партерски странски организации, покривање на најголемиот дел од средствата потребни за ангажирање на странскиот експерт.