Македонија
11. July 2016 - 12:22

Странски државјани повредени во сообраќајка кај Неготино

Вчера во 10.30 часот на патот А1 Неготино–Демир Капија кај м.в„Бутче“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“ со белгиски регистарски ознаки, управувано од С.И.(53) од Р.Белгија удрило во еластична ограда и излетало надвор од коловозот.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Х.М.(51) од Холандија и 17 годишно лице од Белгија, на кои им е укажана лекарска помош и се задржани на лекување.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Неготино.