Македонија
25. February 2021 - 12:49

Стотина ромски семејства во Струга бараат социјални станови за достоен живот

Жителите од ромската населба во Струга се жалат дека условите во кои живеат се неиздржливи. Импровизирани бараки и трошни куќарки опколени со отпад, неасфалтирани и каливи улици ваква е сликата на ромите покрај реката Црн Дрим . Тие бараат да им се доделат социјални станови за да имаат еден достоинствен живот.

Дополнително она со што секојдневно ромското население се соочува е проблемот со тешки социјални случаи кои се борат и размислуваат што денеска да сработат за да можат да донесат некаков приход во семејството. Тие се жалат дека надлежните само им ветуваат подобрување на условите за живот но од сето тоа сеуште ништо.

Од Акционерското друштво за станбен и деловен простор пак на став дека засега нема проект за изградба на социјални станови во Струга.