Свет
14. September 2015 - 8:38

Стотици затвореници ослободени по напад на талибанците врз затвор во источен Авганистан

Талибанците нападнале затвор во источната авганистанска провинција Газни и ослободиле стотици затвореници, пренесува БТА.

- Во текот на изминатата ноќ, околу 2,30 часот, шестмина талибанци, облечени во униформи на авганистанската војска, пред влезот на затворот активираа автомобил бомба, а потоа пукаа со фрлачи на гранати и упаднаа во затворот, изјави помошник -гувернерот на провинцијата Мохамад Али Ахмади.

Според него, од затворот избегале 352 затвореници, а според авганистанското Министерство за внатрешни работи на слобода се приближно 400 затвореници