Свет
13. August 2017 - 12:32

Стотици лица протестираа во Калифорнија поради демонстрациите во Шарлотсвил

Стотици лица протестираа во неколку градови во Калифорнија со цел да го осудат расизмот и насилството што произлезе од  протестниот марш на „белите националисти“ во американскиот град Шарлотсвил во државата Вирџинија. 

Во Оукленд синоќа се собраа стотици лица кои мирно протестираа, носејќи транспаренти, на кои меѓу другото пишуваше „наречете го како што е, бела надмоќ“. 

Помал мирен протест е одржан и во Лос Анџелес.