Свет
30. November 2015 - 8:24

Стотици илјади во светот бараа акции против глобалното затоплување

Стотици илјади лица во светот повикаа синоќа на цврсти акции против глобалното затоплување, во пресрет на меѓународнатаконференција за климатските промени што ќе се одржи во Париз. Над 570.000 луѓе учествуваа во 2.300 протести вчера за климата организирана во 175 држави, според оценки на организаторите – невладината организација Авааз.

– Испраќаме јасна порака за да кажеме дека сакаме договор. Зборови веќе не се доволни....целиот свет во еден глас бара акција, изјави Сам Барат еден од органзиаторите на кампањата за време на протестот во Лондон на кој имаше околу 50.000 луѓе. Дел од демонстрантите беа дојдени од Франција каде се забранети митинзи.

Во Амстердам се собраа околу 7.000 луѓе, во Атина околу илјада, во Стокхолм околу четири илјади. Околу 17.000 луѓе минаа низ улиците на Берлин во знак на поддршка за барањата, а во Мадрид имаше околу 20.000 луѓе. Во Сиднеј според организаторите имало околу 45 илјади кои носеле транспаренти – Немаме планета Б и Светска солидарност.