Бизнис
14. July 2017 - 19:40

Стопанственици: Пругата до Бугарија алтернатива за честите блокади на коридорот 10

Поголема трговија, пониски транспортни трошоци , подобрување на конкурентноста на македонските компании  и  поголем раст на економијата,  што ќе резултира со зголемување на вработеноста и отворање нови работни места. Ова ќе бидат бенефитите со железничкото поврзување со  Бугарија. Од Стопанската Комора велат дека изградбата ќе има и големо економско- политичко значење, што ќе и овозможи на државата економско политичко релаксирање, односно ќе ја елеминира можноста за евентуално сообраќајно условување во регионот .

Зачестените сообраќајни блокади од север и југ изминатиот период, негативно се одразија кај значител дел од домашните компании, кои немаа друга алтернатива за превоз. Со изгардбата и поврзувањето со Бугарија ќе се олесни експанзијата на стокови текови меѓу трите земји кои поминуваат по Коридорот 8,а ќе влијае и за подинамична  размена за Еу пазарите до Централна  Азија и обратно , претворајќи  го Југо источниот европски регион во зона на слободна трговија, се вели во сооштиението.

На самитот во Трст  Македонија доби грант од 70 милиони евра за финансирање на дел од пругата

 

 Делницата треба да почне да се гради почетокот на 2018 та година и да заврши за 4 години. Целата инвестиција се очекува да инесува 152 милиони евра, каде  остатокот,  75 милоиони евра ,  ќе се позајмат од Евроспката банка за обнова и развој .