Македонија
9. December 2018 - 19:31

Стопанските комори бараат промена во начинот на категоризација на сместувачките капацитети

Промена на моделот на категоризација на хотелите и другите сместувачки капацитети бараат од стопанските комори.

Тие велат дека не е спорен моделот туку начинот на кој се прави категоризацијата,додека во делот на тоа колку звезди кој хотел има и дали се преценети или потценети сметаат дека треба да се анализира  од страна на надлежните имајќи во предвид дека има хотели со имиња и називи кои воопшто не одговараат на постоечките регистри за категоризација.

 Во категоризацијата треба да се вклучи науката и искуството и таа се прави на дискретен начин за оценувањето да биде пообјективно смета Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.

Добрите познавачи сметаат дека категоризацијата е неопходна за развој на туризмот и угостителството и привлекување на што поголем број на туристи.