Бизнис
26. February 2019 - 16:29

Стопанската комора предупредува - новото зголемување на минималецот може да затвори дел од бизнисите

Да се трошат парите за капитални инвестиции за да работат фирмите и да се раздвижи економијата. Тоа ќе доведе и до раст на платите. Претседателот на најголемата комора во земјава, Бранко Азески вели дека зголемување на минималецот без реална основа, само со закон, не  е добро.

Затоа Азески апелира Владата похрабро да ги троши парите што ги намени за изгрба на капитални прокети. Во јануари биле потрошени нешто над 1% од тие пари, но според него овој месец  е секогаш тежок и многу е рано да се влечат заклучоци дали реализацијата е задоволителна или не.

Премиерот вчера навести најдоцна до јуни ќе се знае за колку ќе порасне минималецот кој сега изнесува нешто над 12.000 денари. Рече дека преговорите со бизнис секторот се во тек за работодавачите да не бидат оштетени и да можат дса го издржат зголемувањето, но дека за Владата е важно парите рамномерно да се распоредуваат кај сите граѓани посебно кај тие со мали приходи.