Стопанската комора на Македонија одбележува 97 години работење
Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 97 години од работењето. По овој повод, продолжувајќи ја традицијата, Комората и годинава ќе им додели награди и признанија на најуспешните компании и стопанственици.
-Зачетоците на коморското организирање во Македонија датираат од 1922 година. И по 97 години, согласно светските трендови и најсовремените меѓународни стандарди, Стопанската комора на Македонија го задржа приматот на лидер во организациското здружување. Стопанската комора на Македонија прерасна во ефикасен сервис за своите членки изградена врз основните јасни и темелни постулати, како Комора којашто е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, стои во соопштението.
Стопанската комора на Македонија од 1970 година почна со доделување на Првомајската награда. Во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на комората – 18 февруари.
Ново на Сител
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот