Стопанската комора на Македонија одбележува 96 години
Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одбележи 96-годишнината од коморското дејствување во Македонија.
Таа е една од влијателните бизнис асоцијации во државата која има над 11.000 претставници на фирми - учесници на коморски настани, над 17.000 издадени документи, над 200 бизнис настани и над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 одржани прес-конференција на годишно ниво.
- Стопанската комора на Македонија во целокупното опстојување и работење заедно со своите респектирани и значајни компании-членки, ја изгради и ќе продолжи да ја гради позицијата на најголема, најуспешна, највлијателна и најпочитувана бизнис-асоцијација во државата. Денес, таа е препознатлива куќа на бизнисот, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот. Држењето настрана од политиката ќе продолжи да биде суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција, велат од Комората.
Оттаму истакнуваат дека и во иднина ќе бидат главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој успешно ќе ја дочекаат и 100-годишнината од коморското дејствување.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност