Стопанска комора: Надлежните да кажат како компаниите ќе работат втора смена за викенд кога забраната за движење почнува во 16 часот
Како компаниите кои работат до 20 часот ќе реализираат втората смена ако се знае дека забраната за движење почнува порано, во 16 часот, јавно прашува Стопанската комора на Македонија и, како што наведува, бара брз и јасен одговор од надлежните.
Според Комората, сосема е јасно дека кога во вонредни услови ќе се донесе некоја Уредба или мерка не можат да се предвидат сите аспекти поврзани со нивната примена. Прашањата околу примената на мерките често мора да се решаваат во од. Затоа е многу важно да постои механизам на добра комуникација кој ќе овозможи да се добие валидно толкување од оној што е овластен да го даде
– Досега компаниите што работеа само во две смени можеа да го реализираат производството од 05 – 21 часот. Но, утре, сабота, забраната за движење на граѓани почнува порано, од 16 часот. Што значи тоа за компаниите што работат во две смени и редовно работат до 20 часот? Не смеат да работат втора смена? Постојните дозволи не се однесуваат за втора смена, како што е случајот со викендов, бидејќи Уредбата со која им се дозволува на работниците да одат и да се враќаат од работа и во периодот кога има забрана за движење се однесува само на ноќно работење, трета и четврта смена. Што да прават компаниите во вакви околности? Дали треба да се регистрираат за трета смена во Државниот инспекторат за труд за да ги користат постојните дозволи, иако утре ќе станува збор за втора, а не за трета смена? Потребно е Уредбата да се измени соодветно за да се овозможи и за втора смена кога тоа го налагаат околностите?, наведува Комората.
Во период на вонредна состојба, потенцира, клучни за успешно функционирање се комуникацијата и координацијата. -Многу е важен протокот на информации, од компаниите преку Стопанската комора на Македонија до Владата и надлежните институции, но и обратно, од институциите кон Комората и компаниите, истакнува Комората.
Во соопштението до медиумите, најстарото коморско здружување во земјава нагласува и дека, и неколку денови по воведувањето на Уредбата со која се дозволува движење на работници кои одат и се враќаат од работа ноќе, кога има забрана на движење на граѓаните, се случува надлежните органи да им бараат печат од некоја институција иако тоа не е предвидено.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп