Стоп за Ноле во Катар
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ доживеа неочекуван и незгоден пораз во полуфиналето на Катар опен во Доха, откако Шпанецот Роберто Баутиста Агут се врати од загубен сет и брејк негатива во вториот за 3:6/7:6(6)/6:4 победа.
Во меч од два и пол часа, двајцата тенисери играа на високо ниво, а Баутиста Агут го крена нивото во вториот сет, кој го доби во драматичен тај-брејк, пред во последниот сет да му биде доволен еден брејк за победа.
Баутиста Агут сега има 2-7 скор против светскиот број 1, кој сега може целосно да се фокусира на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната кој почнува за две недели. Ѓоковиќ загуби првпат пред едно финале од Торонто минатиот јули!
Во финалето, Баутиста Агут ќе игра со подобриот од пресметката меѓу фаворитот Томаш Бердих и италијанското изненадување, Марко Чекинато.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање