Македонија
17. January 2017 - 16:23

Стоп Операција СОРОС: Ново граѓанско движење за десороизација на Македонија

Престанок на монополот во граѓанскиот сектор финансиран од Сорос, насилието врз институциите, и газењето на вољата на мнозинството граѓани во Македонија.

Ова е целта на граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“.. Од иницијативниот одбор на движењето велат дека негова цел е да се отвори дебата за работата на фондацијата СОРОС.

Од граѓанското движење велат дека подолг период, државата се соочува со проблеми наметнати од работата на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, директно финансирана од Џорџ Сорос.. Беше нападната полицијата, уништена канцеларијата на претседателот а нападната беше и државата преку вооружениот инцидент во кумановско „Диво насеље“, велат од граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“..

Додаваат дека дополнителен проблем е што ваквото делување на Фондацијата институт отоврено општество, влијае и врз однесувањето на дел од амбасадите во земјава.. Наместо да имаат еднаков третман кон сите политички субјекти во државата, тие отворено поддржуваат само една политичка партија, сметаат во движењето „Стоп операција СОРОС“.

Од граѓанското движење велат дека делувањето на СОРОС ја загрозува и безбедноста на државата.. Сметаат дека преку наметнувањето ставови за еднаковост меѓу народите, фондацијата брише држави и национални идентитети..

Од иницијативниот одбор на граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“ велат дека тоа ќе делува преку поставувања прашања и информирање на јавноста за работата на фондацијата во Македонија.