Македонија
27. January 2017 - 16:57

Стоп операција Сорос: Невладините ги злоупотребувале парите на УСАИД

Граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“ открива како македонските невладини организации финансирани од Џорџ Сорос, ги злоупотребуваат  парите од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.. Движењето спровело истражување со кое се анализираат активностите на невладиниот сектор.. Во „Стоп операција СОРОС“ сметаат дека најголем дел од трансферираните пари, невладините ги трошеле за политички проекти поврзани со насилни протести и водење црна пропаганда..

Од „Стоп операција СОРОС“ велат дека со последниот договор,  невладините потрошиле 5 милиони долари а најголем дел од сумата ја добиле Ист вест менаџмент, Фондацијата отворено општество, Метаморфозис и Националниот совет на млади.. Сега пак овие организации очекуваат да добијат речиси двојно поголем буџет кои најверојатно повторно ќе бидат злоупотрбени, сметаат во граѓанското двиежење..

Од граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“ велат дека истражувањето за начинот на користење на парите наменети за македонските невладини ќе го испратат до новата американска администрација.. Сметаат оти така даночните обврзници во САД ќе дознаат за злоупотребата на нивните пари..