Столтенберг: Забележано зголемено присуство на Русија во Западен Балкан
НАТО забележува зголемено присуство на Русија во Западен Балкан, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, наведувајќи дека Алијансата на руската пропаганда ќе одговори со отворена дебата и со аргументи.
Тој на прес-конференција по првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Алијансата, на прашањето колку се зборувало за влијанието на Русија на Западен Балкан, истакна дека нема конфликт со Русија, но дека верува во правото на суверените нации да одлучуваат за својот пат и иднина.
- Видовме зајакнато присуство на Русија и во Западен Балкан. Нема да одговориме на руската пропаганда со пропаганда, туку со отворена дебата, бидејќи веруваме дека на долги патеки аргументите и вистината ќе надвладеат, рече Столтенберг.
Тој изјави дека ги видел извештаите во врска со вмешаноста на руски државјани во инцидентите во Црна Гора за изборниот ден.
- Властите во Црна Гора ова го истражуваат и Србија помагаше во собирањето на фактите во врска со инцидентот, наведе Столтенберг.
Тој порача дека верува во отворено, слободно, демократско општество, порачувајќи дека реформите и модернизирањето на безбедносните институции ќе ги зајакнат земјите од Западен Балкан.
- Тоа ќе биде најдобар начин тие да бидат подготвени да се штитат од надворешни мешања, рече Столтенберг.
Тој нагласи дека Црна Гора покажала колку може да се постигне преку евроатлантските интеграции и го поздрави фактот што 15 членки веќе го ратификувале Протоколот за пристапување на Црна Гора.
- Но во регионот напредокот е во застој и видовме назадување во реформите, така што мораме да сториме повеќе за да ги поддржиме реформите и стабилноста со повеќе политички дијалог, повеќе практична соработка и поблиска соработка со Европската унија, бидејќи стабилноста на Западен Балкан носи повеќе безбедност во Европа, додаде Столтенберг.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж