Македонија
29. јуни 2018 - 12:39

Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот

Генералниот секретар на НАТО му ја повтори и лично пораката на премеиерот Заев, тој очекува земјите членки да го потврдат почетокот на пристапни преговори, но покана земјата ќе добие само по целосно исполнување на договорот со Грција. Столтенберг од седиштето на алијансата го поздрави напредокот потврдувајки дека вратата е отворена, но останатото зависи од Македонија.

Заев е уверен дека Македонија ќе стане 30та членка на НАТО. За премиерот не постои ниту план Б, ниту друга алтернатива.

Самитот на НАТО ќе се оддржи на 11 и 12 јули токму во Брисел.

Ако земјите членки ги потврдат очекувањата на Столтенберг, по заокружувањето на пристапните преговори ќе биде потпишан Протокол за пристапување кој потоа треба да биде ратификуван од  парламентите на сите земји членки на НАТО. Ратификацијата појаснуваат од алијансата трае вообичаено повеќе од една година.

Иван Кузмановски Сител