Столтенберг: Војската на Косово ќе се формира со согласност на малцинствата
Без исполнување на неколку услови или без согласност на претставниците на немнозинските етнички заедници, нема да има трансформација на Косовските безбедносни сили во војска на Косово, порача генералниот секретар на НАТО,Јенс Столтенберг.
Како што јави дописникот на МИА, Столтенберг додал дека е многу значајно трансфромацијата да биде во согласност со целосната регулатива и Уставот.
Запрашан дали НАТО ќе се спротивстави на формирањето на Војска на Косово, Столтенберг изјави дека Алијансата е фокусирана на случувањата и е во постојани консултации и блиски контакти со косовските власти околу ова прашање.
- Ја искажав мојата загриженост во врска со последните иницијативи за формирање војска на Косово без исполнување на неопходните услови, поточно без согласност на претставниците на немнозинските етнички заедници во Косово. Формирањето на војската треба да мине преку парламентарен процес и треба да биде во согласност со Уставот, изјави Столтенберг.
Минатата недела слична порака до косовските институции упати и заменик помошникот генералниот секретар на НАТО за операции, Џон Манза.
- Мојот совет е дека најдобар начин да се гарантира трансформација на Косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово е да се покаже воздржаност, чекор по чекор, а не со избрзани одлуки, изјави Манза, алудирајќи на иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за спроведување на трансформацијата преку закон, кој потоа беше повлечен од дневен ред на Парламентот поради забелешките на НАТО и западните земји.
Според оценката на високиот претставник на НАТО, избрзаниот процес по ова прашање може да ја загрози воспоставената соработка и оти „НАТО бара овој процес да се спроведе во хармонија со Уставот“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација