Свет
16. January 2017 - 15:55

Столтенберг верува дека САД ќе останат силно ангажирани во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, е уверен дека новата американска администрација ќе остане ангажирана во Северноатлантската алијанса, изјави денеска портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. 

- Генералниот секретар е апсолутно уверен дека САД под претседавање на Доналд Трамп ќе останат силно ангажирани во НАТО, рече Лунгеску, додавајќи дека силна Алијанса е позитивна и за САД и за Европа. 

Новоизбраниот американски претседател Трамп изјави во интервју за британскиот „Тајмс“ и германскиот „Билд“ дека „НАТО е застарен, бидејќи е осмислен пред многу години и бидејќи не се занимавал со тероризам“.