Македонија
6. September 2018 - 19:02

Столтенберг: Ве очекуваме, ваше е да решите дали ќе бидете 30. членка на НАТО

НАТО алијансата е подготвена и веќе 10 години ја чека Македонија, но само граѓаните се тие кои на 30 септември ќе ја донесат конечната одлука, порача генералниот секретар на НАТО. Столтенберг ги повика граѓаните да излезат на претстојниот референдум, бидејќи земјава се наоѓа пред историска и неповторлива можност да стане полноправна членка на Алијансата.

Премиерот Заев пак вели дека е толку убеден дека референдумот ќе биде успешен што не ни размислува што доколу не биде исполнет цензусот.

Како дел од агенадата Столтенберг утрово ги посети и најпогодените улици на Стајковци каде војниците на НАТО учествуваат во расчистувасе на последиците од поплавите пред 2 години, а веднаш потоа замина и на средба со министерката Шеќеринска во касарната Илинден. И од таму беа испратени слични пораки.

На средбите со Столтенберг и претседателот Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останале на истиот став, Македонија заслужува да биде членак на НАТо и ЕУ, но договорот со Грција е штетен и неприфатлив.

Според шефот на државата, НАТО и ЕУ не смеат да бидат алиби за прифаќање на лош договор, особено бидејќи Македонија уште пред 10 години ги исполни сите критериуми за членство.

Ставот на опозицијата за референдумот пак најверојатно ќе биде познат во текот на следната недела. Мицкоски пред Столтенберг посочил дека веќе привршуваат партиските консултации по однос на ова прашање.

На иницијатива на Градот Скопје пак пешачката патека во Градскиот парк од денеска е преименувана во чест на таткото на Столтенберг

Од Скопје, генералниот секретар на НАТО замина во Атина, каде вечерва ќе оствари средба и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а веќе утре и со државно политичкиот врв.