Македонија
19. November 2019 - 16:50

Столтенберг уверен: Северна Македонија ќе стане членка на НАТО на почетокот на 2020

Членство на Македонија во Алијансата на почеток на следната година, вакви се очекувањата на првиот човек на НАТО Јенс Столтембер.

Според него , земјава е многу блиску до полноправно членство, а за тоа говори и активното учество на македонските претставници во Брисел.

Дека членството на земјава, не е доведено во прашање изјави  и заменикот помошник генерален секретар на НАТО Џејмс Апатураи. Единствена отежнувачка околност околност вели тој е застојот во Шпанија околу формирањето влада.

До сега 27 земји членки го ратификуваа протоколот. Се чека зелено слество да дадат Франција и Шпанија.

Во меѓувреме министерот за надворешни Никола Димитров најави дека утре  во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Северноатлантскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.