Свет
29. October 2017 - 9:48

Столтенберг: Севернокорејските балистички ракети може да погодат територија на членка на НАТО

Ракетите на Северна Кореја може да достигнат територија на држави членки на НАТО, нагласува генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за јапонскиот весник Јомиури.

– И Европа се наоѓа во дострел на ракетите на Северна Кореја, Државите на НАТО веќе се изложени на закана, наведува тој.

Столтенберг додаде дека Алијансата во целата своја историја ги заштитувала своите членки од балистички ракети.

– НАТО има можности и одлучност да изврши контранапад, изјави Столтенберг. Според него, во центарот за кибер-безбедност на НАТО во Талин, ќе бидат испратени и јапонски експерти. Столтенберг денеска ја почнува посетата на Јапонија.