Македонија
6. September 2018 - 12:13

Столтенберг: Се надевам дека при следното доаѓање, ќе бидам во земја членка на Алијансата

 За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.

Истакна дека на самитот во јули, сите членки на Алијансата се согласија Македонија да стане членка и да почне преговори за пристапување. 

- Ако го имплементирате договорот за името, ке станете земја-членка на НАТО. Се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе дојдам како земја-членка на Алијансата, рече Столтенберг.

Тој рече оти е среќен денеска што го посетува Стајковци, ја посочи помошта што војниците на НАТО ја пружиле на граѓаните пред две години за време на поплавите и истакна дека Алијансата ќе продолжи да биде тука да пружа помош кога е потребно.

- НАТО е повеќе од воена Алијанса, тука сме да помогнеме да ги направиме луѓето безбедни, додаде Столтенберг.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, кој оствари средба со Столтенберг, рече оти НАТО отсекогаш бил партнер на Македонија и оти е сигурен дека земјата ќе стане 30-та членка на НАТО.

Му се заблагодари на генералниот секретар за она што претставувало нивна несебична и професионална помош за време на поплавите пред две години, во моменти кога на граѓаните им било најтешко