Loading Video...
Свет
29. November 2022 - 16:37

Столтенберг – Путин ја користи зимата како воено оружје, НАТО останува со Украина

НАТО останува со Украина во нејзината борба против руската инвазија. Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО денеска и утре во Букурешт треба да договорат поголема воено - техничка, фиансиска и хуманитарна помош за Украина. Пред почетокот на состанокот, Столтенберг го обивни Путин дека ја косити зимата како воено оружје, а нападите на украинската цивилна инфстрерактуруа ги нарече варварски.

Македонија останува голем поддржува  на Украина во војната против Русија истакна министерот Османи, пред стартот на состанокот.

Министрите на 30 –те земји членки на НАТО ќе разговараат и за зајакнување на источното крило на алајансата, за влезот на Шведска и Финска  во НАТО, како и  за идните односи со Кина .

Таканеречената златна ера во односите помеѓу Велика Британија и Кина заврши порача Риши Сунак  во неговиот прв говор за надворешната политика откако беше избран за премиер на Велика Британија. Кина станува се поголем предизвик  за британските односи и интереси, и нашиот пристап кон Кина мора да се менува оцени Сунак.

Ние разбираме дека Кина претставува систематски предизвик за нашите вредности и интереси, предизвик кој станува се поакутен додека се движи кон уште поголем авторитаризам“

Говорот на Сунак, доага во мигови кога  во Кина властите се обудуваат да спречат организирање на нови протести против националната стратегија на нулта толеренција за ковид 19. Викендот во повеке кинески градови беа одражани масовни протести   на кои покрај укинување на строгите епидимиолошки мерки се бараше  и оставка на претседателот Кси Џинпинг.

Хавајците внимателно ја следат ерупцијата на Мауна Лоа, нагјолемиот  вулкан во светот. Вулакнот иосфрла лава до 60 метри во воздухот. ЗАсега нема опаснот  за населенито во околината.