Свет
3. December 2018 - 13:27

Столтенберг предупредува: Руските ракети можат да ги погодат европските градови за миг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди на опасноста од ракетите што ги развива Русија и кои можат за „многу кусо време“ да ги погодат европските градови.

Изјавата на Столтенберг доаѓа ден пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на кој сојузниците ќе разговараат, меѓу другото, за нуклеарната спогодба за ракети од кус и среден дострел, кој го прекршува Русија, и од кој САД најави дека ќе се повлече.

Според него, овој договор е „ставена во опасност“ од страна на Русија.

– Русија разви, произведе и распореди нова ракета, таа е мобилна и тешко се детектира, нуклерано е способна и може да ги погоди европските градови за кусо време и без предупредување, изјави генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг уште еднаш побара од Москва да се усогласи со нуклеарната повелба на транспарентен и проверлив начин.

– Бараме дијалог со Русија и сакаме подобри односи, но за да биде тоа возможно, Русија мора целосно да се услогласи со своите меѓународни обврски, додаде Столтенберг.
Министрите за надворешни рбаоти на членките на НАТО утре ќе разговараат и за новонастанатата криза во Азовското Море меѓу Русија и Украина.

– НАТО бара од Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови и да овозможи слобода на поморскиот сообраќај, порача Столтенберг.

Министрите утре вечер ќе разговараат и за состојбата на Блискиот Исток, а в среда ќе се одржи дискусија за Западниот Балкан во присуство на високата претставничка за надворешни политика и бебзедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Регионот е од клучна стратешка важност за НАТО и за ЕУ, истакна Столтенберг.