Свет
18. December 2015 - 20:51

Столтенберг: НАТО постигна согласност за воздушната одбрана на Турција

Сојузниците од НАТО денеска се согласија да испратат авиони и бродови во Турција, со цел да се заштити воздушната одбрана на Анкара на границата со Сирија, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Тој посочи дека е одобрен планот и сега треба да се одлучи какви воени средства ќе се испратат во Турција.

Столтенберг истакна дека испраќањето на авиони и бродови е одбранбена мерка.